Македонскиот интернационалец Мартин Богатинов си замина од редовите на романска Стеауа и за време на летниот преоден рок ќе си бара нов клуб, објави Спортмедиа.
Нашиот голман кој не доби шанса да се докаже помеѓу стативите на романскиот прволигаш си замина од клубот поради истек на договорот и на лето ќе си бара нов клуб каде ќе добие редовен првотимски статус кој ќе го врати помеѓу стативите на репрезентацијата на Македонија.
„Точно е дека ја завршив соработката со Стеауа. Во иднина, му посакувам сѐ најдобро на клубот. Што се однесува до мојата наредна десетинација, сѐ уште нема ништо поконкретно“, изјавил Богатинов.
Во Стеауа, 28. годишниот Богатинов пристигна за време на зимскиот преоден рок од редовите на Карпати Лвив, каде немаше баш најдобро искуство поради кавгата со управата и суспензијата поради непродолжување на неговиот договор. Покрај во Карпати и Стеауа, Богатинов бранеше и во Силекс, Цементарница, Вардар, Тетекс и Работнички.