Македонскиот голман Мартин Богатинов нема да менува средина и ќе остане да брани на Кипар и наредната сезона.
Богатинов, кој има 34 години, стави потпис на нов едногодишен договор со Етникос Ахна. Чуварот на мрежата е дел од колективот од 2015 година, па беше лесно двете страни да се договорат за обнова на соработката.
Некогашниот репрезентативец на Македонија брани на Кипар од 2014 година. Покрај за Етникос, тој настапуваше и за екипата на Ермис.
Претходно, искусниот голман беше дел од Стеауа, Карпати Лвив, Работнички, Тетекс, Вардар, Цементарница и Силекс.

Â
Â