пишува - Оливер Арсовски (објавено во ВЕСТ)
Повремениот чувар на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Мартин Богатинов, се врати во препознатливата форма во пресрет на пријателскиот меч со Португалија на 26 мај. Тој викендов имаше извонреден настап на голот на Карпати, иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Арсенал Киев со 3-2. И покрај примените три гола, Богатинов беше избран во најдобриот тим на колото минатиот викенд.
-Презадоволен сум од моите настапи во пролетниот дел. Клубот смени едно чудо тренери, но пред извесно време се врати стариот и јас повторно ја запоседнав голманската позиција. Во последните две кола ќе имаме тешка задача да го обезбедиме опстанокот, бидејќи имаме исти бодови со уште два клуба на последната позиција, а само еден од нив ќе остане прволигаш. Од друга страна, викендов не очекува полуфинална средба во Купот со Металург Доњецк, каде амбициите се да го освоиме овој трофеј. Можно е да играме македонско финале во Украина, затоа што во вториот дуел Волин на Савиќ и Шиков го пречекува Шахтјор. Овде се игра само еден полуфинален дуел и се е можно, а ние сме во психолошка предност затоа што пред десеттина дена го совладавме Волин со 1-0, а јас не дозволив моите репрезентативни другари да ја затресат мојата мрежа – ги изнесе своите впечатоци голманот Богатинов.