По раскинувањето на договорот и неуспешната авантура во Стеауа, нашиот повремен репрезентативец Мартин Богатинов својата првотимска шанса ќе ја бара на Кипар, поточно во екипата на Ермис Арадипу која лани заврши во горниот дел на табелата во домашното првенство.
За Мартин Богатинов, ова е прва авантура на Кипар. Претходно, тој ги бранеше боите на Силекс, Цементарница, Вардар, Тетекс, Работнички (Македонија), Карпати (Украина) и Стеауа (Романија). Веруваме дека Богатинов во дресот на Ермис ќе ја врати старата препознатлива форма и повторно ќе затропа на вратите на репрезентацијата.