gogo

A+ R A-


Машина за голови - Николчо Ѓорѓиев (ХАЈЛАЈТС)

Ако некој играч ја одбележа штотуку завршената второлигашка сезона во македонскиот фудбал, тоа секако е напаѓачот на кратовски Силекс, Николчо Ѓорѓиев - Кутре. Искусниот напаѓач сезонава постигна неверојатни 25 погодоци во „црвено-синиот“ дрес, и тоа сите од игра. За одбележување е хет-трикот со Борец, бомбата од 25 метри против Скопје и секако неговите мајсторски погодоци со глава. Неговата цена на трансфер-берзата според порталот „Трансфермаркет“ изнесуваше 100.000 евра, но по „голеадата“ во сезоната 2013/14, се очекува неговата цена на пазарот двојно да се зголеми.
Во продолжение хајлајтсот со речиси сите негови погодоци во сезоната 2013/14. Хајлајтсот го изработи Оливер Арсовски www.aberdzija.com  

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.