На 31 август се пресели од Турново во Силекс, а две недели подоцна ќе мора да игра против своите. Ова му се случи на Митко Мавров, кој пред неколку дена потпиша за кратовци, а жрепката во националниот Куп посака неговиот нов клуб да се соочи со Хоризонт Турново.
-Турново е мојот клуб од детството што секогаш ќе биде дел од мене, клуб што секогаш ќе го носам во моето срце. Ете, судбината посака веднаш да се соочам со моите довчерашни соиграчи. Ја сум професионалец, во двомечот ќе влезам без емоции. На теренот ќе заборавам на пријателството, ќе дадам се од себе да минеме во следниот круг. А, после мечот, ќе останеме пријатели со моите соиграчи со кои сум делел и добро и лошо - вели Митко Мавров, играч од кој се очекува да го подигне квалитетот на игра на Силекс.
Mавров: Против моите турновци ќе играм без емоции, пријателство само по меч
Најново
![]() | Денеска | 3408 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 3408 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 29298 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20947307 |