По Емануел Мбела, кој замина во Ренова, Силекс ја раскина соработката и со Луис Есенгуе Парфе. Камерунецот побарал да си оди и тоа поради семејни проблеми, а кратовци му го овозможиле тоа. Место него Силекс веднаш го ангажираше Чарлс Кофи Аколатсе, интернационалец од Франција.
Станува збор за фудбалер кој доаѓа од романското првенство, претходно настапувајќи за два тима од оваа земја. Во минатото играше за француските клубови Пур-сур-Вие, Хербиер и Ван.Â
Чарлс Кофи Аколатсе игра како последен играч за врска. Има 23 години, и висок е 181 сантиметар. Роден е во Париз, а има државјанство на Того. Има и еден повик за пријателски натпревар за селекцијата на Того.Â
Тој потпиша на една и пол година со кратовскиот тим.
Инаку од вчера експедицијата на Силекс се наоаѓа во Охрид, во својата стара база. Покрај вообичаените тренинзи, кратовци планираат и одигрување на три пријателски средби. Веќе утре Силекс ќе ги одмери силите со Корча,тим од Албанија. За во среда начелно е договорен меч со Струга Трим Лум, а за во сабота пак рива треба да биде кичевскиот второлигаш Влазерими.