Веднаш по судиската лакрдија во Прилеп, реагираше тренерот на кратовци, Жикица Тасевски, кој обвини дека Победа на нечесен начин стигна до победата.
„Победа заслужува да биде прволигаш, но не на ваков начин. Пеналот беше срамен, се смееше цел стадион, дури и нивната публика. Освен помошникот Гоце Петрески, никој друг не го виде пеналот за време на натпреварот. А во првото полувреме имаше школски пенал над Недељковиќ, а тогаш немаше реакција од судиите. Ова е класично омаловажување на трудот на фудбалерите на Силекс. За кого ли се игра фудбалот во Mакедонија?!“, изјави Жикица Тасевски.
Во следните денови ќе видиме како ќе реагира ФФМ по нападот од страна на публиката врз Благој Гуцев, кој со тврд предмет беше удрен по глава.