На неколку дена пред стартот на летните подготовки, полека почнува да се оформува костурот на тимот на новиот прволигаш Силекс. Познати се имињата на „квартетот“ нови играчи, како и на четворица од стариот состав кои остануваат и понатаму во „сино-црвениот“дрес. Од редовите на Металург доаѓа Мирче Џонов, а на средината на теренот ќе оперира Крсте Тодоров. И двајцата се поранешни играчи на второлигашот Миравци. Во дресот на Силекс ќе настапуваат и двајца повратници, Марјан Мицков од Еуромилк и голманот Трајче Ников од Мирави.
Во клубот останува и капитенот Стојанче Велинов, голгетерот Николчо Ѓорѓиев, Александар Пановски и Горан Симов.
Што се однесува до тренерската позиција, до среда ќе се знае името на новиот кормилар на трикратниот првак.
Мицков, Ников, Џонов и Тодоров нови имиња во Силекс
Најново
![]() | Денеска | 251 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 7789 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 33679 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20951688 |