Кратовски Силекс го засили средниот ред за следната сезона со српскиот интернационалец Стефан Милосављевиќ, а ново засилување за кратовскиот тим е десниот бек Филип Ристовски, кој се враќа во македонскиот фудбал по епизодата во Јавор Ивањица.
25-годишниот Милосављевиќ потпиша двегодишен договор со Силекс, а доаѓа од српскиот прволигаш Младост Лучани. Претходно во својата кариера има настапи и за Слога Краљево.
Претходно, како засилување за дефанзивата се договорени Христијан Гроздановски од Гостивар, како и Филип Миленковски и Стефан Коцев. Нови имиња се и Србите Срѓан Драшковиќ и голманот Спасоје Стефановиќ, францускиот интернационалец Емануел Мбела, Петар Љамчевски од Пелистер и офанзивецот Дарио Десниќ.