gogo

A+ R A-


Мишовски и Васов остануваат до јуни во Силекс

пишува - Оливер Арсовски

Фудбалерите на Силекс финишират со првиот дел од зимските подготовки, кои ги одработија во Кратово, а за следната недела е предвидено заминување за Охрид каде ќе се играат 4-5 контролни средби. Претходно, во вторник, во Дојран ќе ги одмерат силите со штипска Брегалница, а вчера требаше да се сретнат со Осогово во Кочани, но поради снегот пропадна контролката.

Добра вест е тоа што капитенот Никола Мишовски и левиот бек Саша Васов ги продолжија договорите на шест месеци и најмалку до јуни ќе бидат во Кратово. Во сениорскиот состав на Силекс е префрлен и талентираниот младински напаѓач Ангелче Тимовски, кој со своите игри и голови го привлече вниманието на себе. Засега тимот го напуштија бекот Дарко Костадиновски и напаѓачот Аце Стојановски, кои не добија којзнае колкава минутажа во есенскиот дел. alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.