gogo

A+ R A-


Митре си заминува од Силекс, ќе остави огромна „дупка“ во голот на Силекс

Еден од најдобрите голмани, ако не и најдобриот, кој последниве десетина години го чувал голот на Силекс, летово дефинитивно си заминува од Кратово. Милан Митровиќ, популарниот Митре, по две години на голот на Силекс, одлучи да си побара нова средина во која уште повеќе ќе напредува како играч.
Симпатизерите на Силекс со неверување ја дочекаа оваа вест, знаејќи колку ќе загуби тимот со заминувањето на Митровиќ. Некои дури коментираат дека со неговото заминување се отвара огромна „дупка“ во голот на Силекс, која прашање е дали некој соодветно ќе ја затвори.
Добра вест е тоа дека на негово место доаѓа довчерашниот голман на Скопје, Спасоје Стефановиќ, кој имаше одлична полусезона во дресот на прволигашот од Автокоманда. За голманската позиција бр.1 ќе се бори и младинскиот репрезентативец Благојче Иванов, а на излезна врата од клубот е и голманот Горан Трајковски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.