Нашата победничка серија заврши пред две кола, а денес ние ќе бидеме тие кои ќе ја прекинат серијата на непоразеност на Шкупи, порачуваат од таборот на Силекс. Нема дилеми, денешното дерби на средината од табелата меѓу Силекс и Шкупи (15.30 ч.) е дуел на два тима кои имаат гранитна одбрана (по шест примени гола, само Вардар има помалку), и два тима кои имаат најнеубедлив напад (шест, односно седум гола, само Металург има помалку). Ако погледнеме статистички, овој меч би требало да го одлучи само еден погодок, но не мора да биде така.
-Денес во Кратово ќе гостува многу незгодна екипа, која покрај Вардар е единстевната која сеуште нема пораз во првенството. Ако е така, тогаш таков тим мора да се респектира максимално. Сепак, моите очекувања се во позитивна насока. Ако ги збиеме редовите, одиграме максимално ангажирано, резултатот мора да биде позитивен за нас. Малку тешко ни паднаа двата врзани порази во претходните кола, но ние секогаш гледаме напред и ќе се обидеме уште денес да се вратиме на победничките патеки - вели голманот Милан Митровиќ, чиј учинок на голот е шест примени голови на шест меча.
Судија на мечот ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје.
Според обложувалниците, фаворит е Силекс со квота 2 за триумф, наспроти 3.50 за победа на гостите.
Митровиќ: Респект за Шкупи, бодовите за Силекс
Најново
![]() | Денеска | 1176 |
![]() | Вчера | 4607 |
![]() | Оваа недела | 5783 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 31673 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20949682 |