gogo

A+ R A-


Младите фудбалски херои ќе поделат 200.000 евра премија

Фудбалската федерација на Македонија, она што го најави ќе го исполни. За историскиот пласман на ЕП 2017 година, младите фудбалери ќе поделат 200.000 евра, пишува Македонски спорт.

По победата над Шкотска, но на гостински терен, кога нашите шанси за пласман на европското во Полска сериозно се зголемија, од ФФМ најавија дека нашите млади фудбалери ќе бидат наградени со 200.000 евра. Откако нашите момци синоќа над истата селекција забележаа победа и се пласираа на Европското првенство во Полска, бројка од 200.000 евра е потврдена, но нема да биде ништо чудно федерацијата дополнително да го „одврзе ќесето“ и на оваа цифра да додаде уште нешто.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.