Поради здравствените проблеми со кои извесен период се соочува Момчило Митевски, раководството на Силекс денес одлучи да го ослободи од тренерските обврски. Иако заминувањето на Моцо се случува во најлошо можно време, кога Силекс грчевито се бори за опстанок во лигата, кратовци ќе мора да го надминат шокот и да продолжат со досегашните помошници, Горан Симов - Драган Ивановски - Новица Динев.
Митевски изрази благодарност до раководството на Силекс што му излезе во пресрет, а тој и во иднина секогаш кога ќе биде во можност, максимално ќе помага на клубот во кој оствари солидна и играчка и тренерска кариера.

















