Кога на Силекс не му оди, се знае кој го гаси пожарот. Момчило Митевски - Моцо по пауза од точно две години се враќа на кормилото на кратовскиот прволигаш, како спасител кој треба да го извлече тимот од дното на табелата и да го врати во безбедната зона.
УО на ФК Силекс ја разгледуваше ситуацијата во клубот по заминувањето на Жикица Тасевски, се разгледаа неколку опции, но се одлучи за домашно решение, поточно за тренер од клубот. Секако дека на Митевски, на кого ова му е трето или четврто преземање на екипата во неговата тренерска кариера, му претстои тешка задача. Силекс моментално се наоѓа во долниот дел на табелата, а познато е какви беа амбициите пред стартот на сезоната.