gogo

A+ R A-


Над 200 деца од Кратово се „фудбализираат“

Опен Фан фудбалска школа во Кратово

пишува - Оливер Арсовски

Над 200 деца од општината Кратово учестуваат на манифестацијата "Опен фан скул фудбал" (отворени забавни школи за фудбал) на која преку забава ги стекнуваат првите знаења за фудбалот. Овој проект има за цел децата од училишна возраст преку игра и забава да стекнуваат искуства во играта со топка и на фудбалските клубови да им помогнат да пронајдат нови играчи кои ќе го развиваат нивниот талент. На оваа спортска манифестација, која ќе трае до петок, учествуваа околу 200 деца од нашата општина, на возраст од 6 - 12 години. Покрај запознавање со фудбалската игра, интересно е што дечињата играат и хокеј на трева. Секако, спонзорот УЕФА и на овој начин бара нови фудбалски таленти меѓу децата, а сите учесници на подарок добиваат маичка, капче, нараквици и шишенце со знакот „респект“, асоцирајќи на дружба преку почитување на „противникот“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.