gogo

A+ R A-


НАЈАВА Тетекс - Силекс (саб.16.30 ч.)

Силекс оди по трите бода во Тетово

sileks2

Гостувањето кај Тетекс е како скроено за конечно да се чепне бод или три од гостувањата. Ова е размислувањето на фудбалерите на Силекс пред утрешниот дуел со „штофарите", откако од претходните две гостувања се вратија со празни раце. Најпрвин загубија минимално во Кичево, а пред една недела загубија од Охрид буквално во последните секунди од мечот. Умерен оптимизам се чита и од зборовите на Александар Темелков, еден од играчите од кои се очекува најмногу.

-Одиме да се надигруваме, со намера да не се вратиме со празни раце. Секој резултат освен пораз е добредојден, но ние сме убедени дека имаме сили и знаење да стигнеме и до трите бода. Не очекува тежок дуел, во кој ќе мора да се одигра многу внимателно и концентрирано. Наша предност е што Тетекс почна доцна со подготовките и сеуште не е во полна натпреварувачка форма. Но, од друга страна, тие сеуште имаат свежина во нозете, а нас не стигнува полека заморот. Добро е што клучните фудбалери одмараа на дуелот со Василево од националниот Куп, па така ќе можат да дадат 100 посто од своите сили во битката за трите бода – истакна Темелков.

Тренерот Ане Андовски ќе може да смета на сите фудбалери, освен на Саша Васов, кој полека закрепнува по повредата. Во меѓувреме, стоперот Мартин Петров ја одлежа казната од два меча и ќе конкурира за место во стартните единаесет.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.