gogo

A+ R A-


Најава за Пелистер - Силекс

Силекс по бодови во Битола

пишува - Оливер Арсовски

 

Натпреварот под Тумбекафе за фудбалерите на Силекс ќе биде од типот да се биде или не. Клучен меч кој треба да ги разреши дилемите дали кратовци ќе се вклучат во битката за позициите кои водат во Европа, или пак евентуалниот пораз ќе значи релаксирана завршница во првенството, без никакви амбиции. Кратовци сезонава имаат позитивен биланс против Пелистер, дома ги совладаа со 1-0, а нагости одиграа 1-1. Овојпат нерешено не одговара никому, а најмалку на тимот од Кратово.

 

„Во Битола не очекува исклучително тежок натпревар против квалитетен противник. Квалитативно сме тука некаде со битолчани, впрочем тоа го покажува и пласманот на табелата, нивна предност е домашниот терен, наш адут е нивниот замор по средбата во националниот Куп. Оптимисти сме сите во клубот и во Битола патуваме по бодови. Ова ќе биде меч без калкулации, нерешен резултат никому не одговара и затоа на теренот ќе се води беспоштедна битка. Ние мораме да ги освоиме трите бода за да избегнеме ситуација во преостанатите шест кола да бидеме само статисти без никакви натпреварувачки мотиви“, ни изјави бекот на кратовци Злате Бошковски, кој на последните две средби постигна два погодоци за својот тим.

 

Мали проблеми во пресрет на овој меч ќе има тренерот Ане Андовски. Тој на последниот дуел во Кратово против Победа го загуби на извесен период стандардниот бек и еден од најдобрите играчи пролетва Даниел Лампевски. Иако се најавуваше враќањето на зелените терени на напаѓачите Ѓорѓи Заревски и Душко Андонов, сепак мали се шансите двајцата да бидат стартери на мечот во Битола.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.