Раководството на фудбалскиот прволигаш Силекс ретко кога грешело кога ангажирало голмани од Србија. Симов, Митровиќ, Мијановиќ и многу други одлично се покажале во дресот на Силекс, а истото се очекува и од најновото засилување кое доаѓа од редовите на Динамо Врање, Никола Вујанац. Овој 25-годишен голман висок 192 сантиметри, изминатата сезона со успех го носеше дресот на српскиот вторлигаш Динамо Врање, а донесен е за да го понесе товарот во настапите на ЛЕ и есенскиот дел од сезоната по повредата на неприкосновениот Милан Митровиќ.

















