gogo

A+ R A-


Најголем успех на макспортот досега

Наташа Илиевска европски шампион

http://www.ustream.tv/recorded/14543041

Денеска Кратово и Македонија се горди на Наташа Илиевска. Нашата најдобра каратистка стана европска шампионка остварувајќи го најголемиот индивидуален успех во независна Македонија.

Во финалето од категоријата до 55 килограми во дисциплина борби, Илиевска ја совлада хрватската претставничка Јелена Ковачевиќ со 3:1.

Иако противничката е континентална првенка од пред две години и четирикратна финалистка од евро-шампионатите Илиевска ја потврди сопствената големина и потенцијал кој навестува трофеи и во иднина.

На патот до финалето каратистката од Кратово ги мина Азербејџанката Фарајли, Италијанката Кардин, Вишновска од Словачка и Маркушова од Чешка. По ланската мундијалска бронза на Жарко Арсовски, златото на Илиевска само го потцртува каратето како најтрофеен спорт во Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.