На македонскиот трансфер - пазар деновиве е актуелен довчерашниот напаѓач на Силекс, Јован Кастратовиќ. Корпулентниот Србин од денес е слободен играч, па за очекување е дел од македонските прволигаши да се пуштат во потера по него. Кастро покажа одлични партии на зимските подготовки во Анталија, но се повреди во Турција и на своето враќање мораше да чека два месеци. На четирите меча како стартер во дресот на Силекс, во финишот на првенството постигна два гола, особено важен беше оној во 93-та минута за победа над Брегалница од 3-2. Според зборовите на Кастратовиќ, доколку не се договори со некој македонски прволигаш, тогаш прва опција е повторно трансфер во странство, а засега не планира враќање во родната земја.
Напаѓачот Јован Кастратовиќ е слободен играч, потерата може да почне
Најново

![]() | Денеска | 1899 |
![]() | Вчера | 2421 |
![]() | Оваа недела | 6593 |
![]() | Минатата недела | 20600 |
![]() | Овој месец | 9130 |
![]() | Минатиот месец | 109072 |
![]() | Вкупно | 22411617 |















