gogo

A+ R A-


Нашата сограѓанка на кровот од светот

Наташа Илиевска најдобра каратистка во светот за 2011

По освојувањето на сребрениот медал на финалниот турнир на Премиер лигата во карате, одржан во Салцбург, Наташа Илиевска ја завршува оваа година како најдобра каратистка во светот.

Таа во финалето на турнирот од Премиер карате лигата беше поразена од француската претставничка Луси Игнас, а со освојувањето на сребрениот медал ја задржа бодовната предност во однос на конкурентките со што и официјално стана најдобра во светот.

natasa-i500_n

Овој сребрен медал е од огромно значење за конечната ранг-листа и затоа има златен сјај, тој  и донесе двојна светска круна на нашата хероина.

Ова преставува навистина огромен успех за македонскиот спорт и за нашата најдобра спортистка, бидејќи до сега на ниту еден спортист од Македонија не му успеало да биде „прв во генерален пласман за цела година на светската ранг листа“  потоа да биде прв во најелитната „Светска премиер лига“ и да стане и официјален „Европски шампион за 2011. година“, односно Илиевска успеа оваа година да стане Топ 3, најуспешна во сите организациски поставени турнири и првенства во заедничка организација на Светската и Европската карате федерација.

Исто така забежителен голем резултатски успех во турнирите од премиер лигата направи и каратистот Мартин Насторовски, тој беше прогласен за најуспешен во Премиер лигата за категоријата + 84 кг за 2011 година  и на ист начин беше награден од страна на Светската карате федерација.

Со освоената бронзена медала од Салзбург Мартин Несторовски заедно со Наташа Илиевска се најдобро рангираните Македонски каратисти од најелитните светски карате турнири.

Македонските каратисти во текот на 2011 година беа предводени од селекторот Бошко Заборски и неговиот помошник Мирче Јанушевски, тие во текот на 2011 година успеаја да освојуваат медали од најсилните светски карате метрополи и центри, поточно на турнирите во Париз, Ротердам, Милано, Цирих, Сараево, Истанбул и на крај во Салзбург.

Со овој турнир завршува и рангирањето на најуспешните или пак на „најдобрите меѓу најдобрите“ во така наречената Формула 1 во карате спортот „ПРЕМИЕР ЛИГАТА“ за 2011 година.

На овој турнир добро се преставија и имаа по две победи и Наташа Стефановска и Огнен Груевски, додека младиот Симон Антич успешно дебитираше во Премиер лигата започна со победа над Украинскиот спортист во прво коло, потоа се сретна со Светскиот првак од Египет и не успеа да победи.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.