После првиот ден од одржаните натпревари во Франкфурт на петтиот по ред турнир од „Светската 1 Премиер Карате Лига“ во конкуренција на 59 држави од целиот свет Македонските каратисти за жал не успеаја да освојат медал. Најблиску до медал и овој пат беше нашата најдобра каратистка Наташа Илиевска (Макпетрол) и каратистот Иво Цветковски (Металург). Сара Радичевска (Макпетрол).
Најнапред Наташа Илиевска започна еуфорично успеа да ја совлада противничката од Канада, Кетрин Кембел со резултат 8-0, потоа победи со Тунижанката, Банатман Доуха со 3-2, во третото коло загуби од домашната натпреварувачка Германката, Јана Бич со резултат 0-2, во репасажните борби кои беа одлучувачки за медал, најнапред ја победи Финската спортистка Аронен Ема со 1-0, потоа забележи победа и против Чилеанката, Лорена Кастро со 2-0, и во борбата за бронзен медал загуби од нејзина добра познајничка Италијанката, Сара Кардин која успеа да ја совлада нашата спортистка со минимален резултат 0-1 и го освои бронзениот медал. Наташа Илиевска со остварените 4 победи и 2 порази оствари висок пласман на петтата позиција и освои нови бодови во Светската лига.