gogo

A+ R A-


Наташа ја започна сезоната со бронза од Париз Опен

пишува - Оливер Арсовски
Како што ја заврши минатата година, така altпродолжува и во новата 2012 година. Нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска освои бронзен мeдал во категоријата -55 килограми на „Париз Опен“, најсилниот и најмасовниот светски турнир од Карате 1 Премиер лигата. Таа во конкуренција на 38 каратистки од 62 држави почна да го брани светскиот карате трон со бронзено одличје. Илиевска оствари пет победи и еден пораз од каратистка од Франција на судиско изјаснување, што значи дека многу лесно можеше да се најде во финалето за да се бори и за најсјајното одличје. Издвоените победи беа против натпреварувачките од Луксембург, Еквадор, Италија, Германија, а во борбата за бронзениот медал успеа да извојува убедлива победа против натпреварувачката од Алжир со 6-0.
 
 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.