Кога пристигна во Кратово пред повеќе од 15 години, бразилецот Ведерсон не ветуваше многу. Уште на првите тренинзи на стадионот на Силекс се виде дека е собран од некоја бразилска плажа, со просечни познавања на фудбалската игра и ограничен квалитет. Но, талентот што го имаат Бразилците уште од раѓање, надополнет со напорната работа во Кратово, од Ведерсон направија за кусо време солиден фудбалер, барем за македонски прилики, па дури и миленик на кратовската публика. По неколку месеци, кратовци му ставија прекар, се роди ЏИЏИ, маскотата на Силкес. Одигра што одигра човекот, велат бил далеку поуспешен во ноќните барови и спалните соби, и по неколку години му се изгуби трагата.
Толку за Џиџи. Деновиве е актуелен еден нов Џиџи, до душа се работи за Тони. Антонио Маркос де Оливеира Жуниор, или накусо Тони. Бразилец, 23 години, висок само 175 цм и тежок 68 кг ќе биде новиот десен бек на Силекс, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на Силекс и тренерот Тасевски. Покрај десната бековска позиција, Тони успешно ја покрива и десната крилна позиција, па би можел да биде прекомандуван и во нападот. Инаку, доаѓа од нисколигашот Тупинамбас.
Не е Џиџи, туку е Тони: Бразилец тропа на вратата на Силекс
Најново
![]() | Денеска | 1015 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 1015 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 26905 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20944914 |