Да не знае човек дали поранешниот голман на Силекс, а сегашен на Академија Пандев, Никола Вујанац, е подобар како голман или како глумец. Младиот голман од Краљево неодамна се најде во улогата на фудбалски судија во култниот филм „Монтевидео бог те видео 2“, и тоа како делител на правдата на мечот Југославија - Боливија. Филмот доживеа голема популарност на ЈУ просторите, а беше и во поширока конкуренција за Оскар од неанглиско говорно подрачје. 
Вујанац во филмот се појавува во неколку кадри, во супер интересно судиско одело. Филмот може да го погледнете на Јутјуб.



















