gogo

A+ R A-


Недељковиќ: Да ги запреме Фелипе и Балотели и Вардар ќе падне во Кратово!!!

altСекогаш кога гостува Вардар во Кратово, тоа е вистински празник за љубителите на фудбалот. Се полнат трибините во Кратово, многу често и гостинските навивачи го збогатуваат амбиентот, за да пресметката заличи на едни поранешни времиња кога Силекс и Вардар водеа епски битки за титулата. По неколку кризни години, Силекс се врати во врвот на македонскиот фудбал, летово играше и во еврикуповите, а Вардар со новиот газда се врати на шампионските патеки.
Утре дуелот во Кратово ќе биде специфичен, затоа што Силекс нема победа на последните три дуели (трипати играше реми), а Вардар изненадувачки ремизираше со Ренова и Пелистер. А кога Вардар доаѓа во Кратово во улога на „ранетиот лав“, тогаш има две опции. Едната е целата лутина и гнев да го истури врз кратовци, а другата опција е наострените кратовци да го дотепаат, да го столчат лавот кој очигледно се тететрави.alt
-Свесни сме дека утре не чека натпревар кој е најтежок оваа есен за нас, а во истовреме и најлесен. Најтежок е бидејќи играме против најдобриот тим во лигата, со најквалитетни поединци. Од друга страна, најлесен е бидејќи ќе играме без резултатски притисок, затоа што се друго освен триумф на Вардар ќе биде големо изненадување. Ние кроиме тактика со која ќе се обидеме да ги изненадиме скопјани, а ако успееме да ги запреме Фелипе и Балотели, сметам дека сме на чекор до големо изненадување. Во најмала рака, можеме до бод, затоа што во Кратово ретко кој доаѓа до три бода - вели голгетерот Игор Недељковиќ, кој најдобро знае како се тресе мрежата на Вардар, затоа што лани беше творец на големата пролетна победа од 3-2.
Мечот се игра од 15 часот, а судија ќе биде Јосип Бартон од Тетово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.