gogo

A+ R A-


Недељковиќ: Еуромилк ќе плати и за Брегалница

altУште болат раните по несреќното реми против Брегалница, но време за плакање нема. Веќе утре фудбалерите на Силекс ги чека нов предизвик, во Кратово гостува второлигашот Еуромилк Горно Лисиче во рамки на осминафиналето на националниот Куп. Ланскиот прволигаш кој годинава е осетно ослабен е тим кој е создаден за лекување на раните и враќање на самодовербата по трите меча без победа на кратовци. Се чини победата најмногу ја посакува српскиот интернационалец Игор Недељковиќ, кој на последните мечеви добива шанса по повредата на Александар Пановски. Недељковиќ против штипјани можеше да се прослави, влезе трипати во стопроцентни прилки за гол, но среќата ниту еднаш не го посака.
-По киксот против Брегалница, никој не помислува на било што друго, освен триумф над Еуромилк. Треба да се кренеме и да одиграме на високо ниво, да се „распукаме“ и уште на првиот меч да обезбедиме доволна залиха за мирен реванш во Скопје. Нема бегање од фаворитската улога и сметам дека со квалитетна колективна, но и индивидуална игра ќе обезбедиме предност пред реваншот - истакна Недељковиќ.
Мечот се игра во среда, со почеток од 15.39 часот. Судија ќе биде Јосип Бартон од Тетово.

Шкендија – Вардар
Гостивар – Ренова
Пелистер – Работнички
Силекс – Еуромилк ГЛ
Победа јуниор – Дрита
Хоризонт Т. – Брегалница
Шкупи – Тетекс
Кожув – Напредок

Првите средби ќе се играат на 24.септември, а реваншите е на 14.октомври.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.