Македонската сумо репрезентација се враќа со два медала од штотуку завршеното европско првенство во соседна Бугарија. Јован Илиоски и Бобан Савев беа единствените претставници од Македонија и двајцата се закитија со бронзените одличја. Илиоски стигна до медал во категоријата до 115 кг, а Савев до 85 кг.
-И двајцата бевме блиску до златото, но загубивме по една борба и завршивме како третопласирани. За нас е најважно што со пласманот од Самоков обезбедивме виза за светскиот шампионат кој од 27 до 29 август ќе се одржи во Тајван – истакна кратовецот Илиоски.
Сонот за настап на едно светско првенство би можел да остане само сон, доколку двајцата сумо борачи не обезбедат средства за пат до Тајван.
-Мака мачиме со обезбедување финансии за нашите настапи. За шампионатот во Бугарија спонзор ни беше компанијата „Мерцедес - Колиндејл“ од Лондон, каде извесно време престојувам. За настапот на СП ќе бараме спонзорства од Општините Кратово и Штип, затоа што сметам дека достојно ја презентираме државата, но и општините од кои доаѓаме – вели Илиоски.
Ако обезбедат средства, Илиоски и Савев со селекторот Виктор Богданов во септември заминуваат на Сумо Олимпијадата во Лас Вегас. (О.А.)
Неизвесен настапот на Јован Илиоски на СП во сумо, се бара спонзор
Најново
![]() | Денеска | 256 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 7794 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 33684 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20951693 |