И покрај тоа што македонскиот репрезентативен голман Мартин Богатинов имаше извонреден натпревар за Карпати, сепак не можеше до крај да го однесе својот тим во финалето од Купот на Украина.
Карпати, во полуфиналната пресметка дури по изведеувањето на пеналите загуби (6-7) загуби од Металур Доњецк кој ќе игра во финалето против Шахтјор Доњецк, откако претходно во регуларниот дел и по продолженијата дуелот заврши 0-0. А за да биде без голови, најмногу се погрижи токму нашиот чувар на мрежата кој во 119. минута одбрани удар од белата точка за противникот по што натпреварот го однесе во продолженија...
извор - екипа.мк