gogo

A+ R A-


Нема опуштање, Силекс атакува на 3 бода со Ренова и 4-та позиција

Конечно се склопи мозаикот по доаѓањето на тренерот Жикица Тасевски. Последната коцка во тој мозаик кратовци би требало да ја вградат денес, а тоа значи нови три бода и многу веројатно искачување на толку посакуваната четврта позиција. Кратовци гостуваат во Тетово на Ренова, тим кој има бод повеќе и се наоѓа на петтата позиција.
-Играме против квалитетен противник кој малку дава, но уште помалку прима голови. Играат многу цврст фудбал, во превод тоа значи дека не чека многу тежок натпревар. Одиме по три бода, но ќе бидеме задоволни и со еден бод, само да ја продолжиме таа одлина серија на непобедливост кога гостуваме - вели голманот Никола Вујанац, кој се чини дека ја достигна својата посакувана форма и има одлични изданија на последниве неколку меча.
И стоперот Стојчевски е оптимист дека од ова тешко гостување Силекс ќе се врати непоразен.
-Ренова според мене спаѓа во оние клубови што играат најдобар фудбал во лигава. Ова ќе биде тешко гостување, но ние одиме по бодови. А за бодови треба надигрување и барем еден гол да постигнеме против гранитната одбрана на Ренова која прими само 9 погодоци. Ги победивме Работнички и Брегалница, ремизиравме со Македонија ЃП, и влезени сме во една серија која мора да продолжи - вели стоперот Стојан Стојчевски, „небесниот скокач“ во одбраната на Силекс кој почесто го гледаме во воздух отколку на трева во дуел со противничките напаѓачи.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.