Фудбалерите на Силекс се вратија од Маврово, каде спроведоа дел од летните подготовки за новата сезона.
По победите над Гостивар во Кратово од 2-0 и ремито со Кит-Го во Пехчево 1-1, кратовци продолжија во ист ритам и во Маврово. беа забележани победи над Кораб, Генч Калемлер, Тетекс и Тиквеш, додека Гостивар во последните мигови од мечот успеа да извлече 1-1.
На подготовките својот прв погодок во дресот на Силекс го запиша и младиот 18-годишен Ненад Нешовски, од кого се очекува сериозно да се наметне со своите игри и да конкурира за најдобрите 11 во составот на Тасевски. Покрај него, стрелци во подготвителниот дел беа и Десниќ и Мбела, кои се чини ќе бидат ударната шпиц-тупаница на кратовци, потоа Алексовски, Драшковиќ, Парфе.
Нешовски со прв погодок во дресот на Силекс, кратовци растураат на подготовките
Најново
![]() | Денеска | 4087 |
![]() | Вчера | 1807 |
![]() | Оваа недела | 15542 |
![]() | Минатата недела | 21858 |
![]() | Овој месец | 12064 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21217113 |