Заврши настапот во Конференциската лига на УЕФА и за македонскиот фудбалски претставник Силекс од Кратово. Со гол во 95 минута, во Кишињев, молдавски Петрокуб го елиминираше македонскиот претставник уште по првото коло на новоформираното натпреварување затоа што на првиот меч одигран во Скопје, резултатот беше нерешен 1:1.
„Горд сум на играчите што покажаа карактер и квалитет. Несреќно загубивме. За малку што не отидовме во продолженија. Не смееме да бидеме разочарани дадовме се од себе против една многу квалитетна екипа како Петрокуб. Можеби ќе беше поинаку ако искористевме некоја од шансите во првиот меч но што е тука е мислам дека не се посамотивме напротив , ова беше убава презентација на македонскиот фудбал.
Оваа екипа е составена исклучиво од македонски играчи, знаеме сите зошто и секако дека ќе бевме уште посилни доколку можевме да доведеме и странци. Сега ни преостанува само да се фокусираме на нашиот приоритет, а тоа е враќање во првата лига. Нема да ни биде лесно ќе имаме квалитетни ривали, но ние планираме да се засилиме уште повеќе и да ја оправдаме улогата на фаворит во следниот шампионат“ – вели Горазд Михаилов, стратегот на Силекс.
Несреќна елиминација на Силекс, Михајлов задоволен од прикажаното
Најново
![]() | Денеска | 8505 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 17235 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 8505 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20926514 |