gogo

A+ R A-


Невидена глупост на ФФМ: Силекс - Вардар и Кратово - Цико во ист термин

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/43/Korean_Traffic_sign_(Pass_Left_or_Right_-_Mandatory_sign).svg/770px-Korean_Traffic_sign_(Pass_Left_or_Right_-_Mandatory_sign).svg.pngПри определување на термините за одигрување на мечевите од првенствата во фудбал и футсал, фудбалската федерација не можеше да направи поголема глупост од она што веќе ја направи. Наместо утре во Кратово да биде вистински празник за љубителите на спортот и кратовци да имаат двојна фудбалска програма, федерацијата одлучи двата супер-интересни дуели да ги закаже во ист термин, сабота во 16 часот.. Дербито Силекс - Вардар, кое пред само еден месец привлече над 1.500 гледачи, ќе се игра во ист термин со мечот КМФ Кратово - КМФ Цико, кој исто така неодамна ја наполни градската сала до последно место.
На Силекс му гори под нозете и му е потребна поддршка за излез од кризата, а огромен интерес владее и за футсал мечот, во кој се очекува жешка пресметка која можеби ќе биде пресудна за влез во елитата, со оглед дека утре започнува плеј-офот.
А можеше се да биде поинаку, доколку ФФМ го поместеше футсал мечот за 14 часот, а фудбалот да се игра во редовниот термин од 16 часот. Или уште подобра варијанта, фудбалот да се игра од 14 часот, за да во Кратово присуствуваат „Комити“, а истите да имаат време да се вратат во Скопје за големата ракометна пресметка меѓу Вардар и Киелце.
Вака, останува да одбереме на кој меч ќе присуствуваме, или можеби на двата меча по едно полувреме.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.