НОВИ трансфери во мак-фудбал (лето 2011)
Останува во Чешка, но во нов клуб
Несторовски позајмен на Викторија Жижков
Поранешниот напаѓач на прилепска Победа, Илија Несторовски (21), и понатаму продолжува со настапи во чешкото првенство, но во нов клуб. Тој викендов потпиша договор со новиот прволигаш Викторија Жижков од Прага, но останува во сопственост на клубот Словачко.
-Следната сезона ќе настапувам во Викторија како позајмен играч, бидејќи Словачко не сакаше целосно да се откаже од моите услуги. Мене ми беше потребна нова средина во која ќе имам поголема минутажа и поголеми шанси да ги покажам голгетерските способности. Тренерот на Викторија ги знае моите квалитети од порано и ми вети дека ќе бидам во прв план, што беше пресудно да се преселам во Прага – вели Несторовски.
Младиот прилепчанец помина година и половина во дресот на Словачко, притоа настапи на 28 средби и постигна 2 гола. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Србија се поатрактивна за нашите фудбалери
Ѓурѓевиќ во Спартак, Мојсов во Металац
Талентираниот напаѓач на Вардар, Фахрудин Ѓурѓевиќ, кариерата ја продолжува во редовите на српскиот прволигаш Спартак од Суботица. Неговото име во минатото се врзуваше за големи европски клубови како ПСЖ, Ленс и Малме, но сепак членот на фудбалската репрезентација до 19 години одлучи кариерата да ја гради чекор по чекор.
-За млад фудбалер како мене подобра опција е да играм и да се развивам во клуб како Спартак, отколку директно да заминам во голем европски клуб. Во клубот од Суботица останувам четири години, во моментов се чека сертификатот да пристигне од Скопје и трансферот да се официјализира – ни рече популарниот Фако.
По неговите стапки тргна и постариот брат на репрезентативецот Даниел Мојсов, Ѓорѓи, кој завчера потпиша договор со прволигашот Металац од Горњи Милановац. Доколку летово Даниел не реализира трансфер во Динамо Москва, наскоро ќе гледаме "братска пресметка" во српското првенство. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Силекс го комплетира тимот
Кратовци со три нови засилувања
КРАТОВО. -Српскиот дефанзивец Борислав Бајиќ и македонските напаѓачи Аце Стојановски и Ѓорѓи Марков се последните засилувања на Силекс во тукушто завршениот преоден рок. Бајиќ доаѓа од српскиот третолигаш Темерин, Марков е довчерашен играч на Беласица, додека Стојановски пристигна од второлигашот Охрид Лоте, а претходно играше за хрватска Цибалија. Нешто порано кратовци ги ангажираа србинот Милан Јовановиќ и Јован Шаврески од Влазними, а пропадна трансферот на Немања Иванов поради проблем со регистрацијата. Клубот досега го напуштија стоперот Александар Алексовски, кој се пресели во Охрид 2004, и Милан Николиќ, кој се врати во Србија.
Летово Силекс одигра седум контролни средби, на кои забележа четири победи, две ремија и еден пораз. За утре е закажана генералната проверка со локомотива во Скопје. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
И во шестиот клуб дебито зачинето со погодок
Стевица Ристиќ претплатен за рекорди
Стевица Ристиќ, напаѓачот претплатен за голови во деби-настапите за своите клубови, традицијата ја продолжи и во дресот на корејскиот Сувон Блувингс. Откако пред една недела дебитираше со погодок, викендов и во вториот настап стрелаше прецизно за минимална победа против Инчон.
-Останав верен на традицијата, еве и во шестиот клуб во кој се преселив, постигнувам гол во премиерниот настап. Така беше пред осум години во дресот на Силекс, продолжив во корејските Чонбук и Поханг, не прекинав ниту во Бунјодкор и Амкар, и еве ми се повторува истото во Сувон. Ако на ова додадам дека постигнав погодок и на дебото за фудбалската репрезентација против Албанија, тогаш веројатно сум кандидат и за Гинисовата книга на рекорди. И да не заборавам дека пред четири години во дресот на Чонбук го постигнав најбрзиот погодок во историјата на К-лигата, во 30-тата секунда против Гвангжу – вели голгетерот.
Популарниот Риле има постигнато и пет погодоци на еден меч во дресот на Силекс, но овој рекорд го дели уште со Зоран Бошковски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски и Александар Толески. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Го промени клубот, но не и градот
Мециновиќ се сели од Шериф во Тираспол
Младинскиот фудбалски репрезентативец Јасмин Мециновиќ по шест месеци поминати во молдавскиот вицепрвак Шериф, од завчера се пресели во градскиот ривал Тираспол. Тој заминува како позајмен играч, а договорот е потпишан на половина година.
-Иако бев на чекор до трансфер во словачкиот шампион Жилина, ситуацијата се искомплицира кога раководството на Шериф побара 200.000 евра отштета од Словаците. Откако се вратив од пробата во Жилина, се договорив до јануари да настапувам во градскиот ривал Тираспол, каде газда е братот на сопственикот на Шериф – вели Мециновиќ.
Тој во пролетната полусезона настапи на девет од седумнаесет средби во дресот на Шериф. Минатата зима направи спектакуларен трансфер од Скопје во Шериф за близу 500.000 долари. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Штипјани со осум нови фудбалери
Свежа крв во Брегалница
КРАТОВО. -Србите Горан Хабенсус (стопер), Марко Вучетиќ (среден ред) и Александар Ивановиќ (напаѓач), како и домашните фудбалери Саше Лазаревски, Ивица Глигоровски, Ефтим Аксентиев, Дарко Стојанов и Томе Јанев, се новите летни засилувања на штипскиот прволигаш Брегалница. Покрај нив, многу блиску до потпис е повратникот од Шведска, Горан Здравков, а речиси сигурно е останувањето на Мартин Шишков, кој беше на проба во странство.
-Мислам дека направивме одлична селекција на играчи и тука некаде завршуваме со активности на трансфер пазарот. Задоволен сум од залагањето на играчите и нивниот квалитет, и се надевам дека од Брегалница ќе направам респектабилен прволигашки клуб – ни рече новиот тренер на Брегалница, бугаринот Никола Спасов.
Завчера во Кратово контролен меч одиграа соседите Силекс и Брегалница, а средбата заврши без голови. Брегалница веќе в сабота ја очекува контрола со Хоризонт Турново, а Силекс ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Репрезентативецот се врати во Јужна Кореја
Стевица Ристиќ потпиша за Сувон
Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Стевица Ристиќ се врати во Јужна Кореја. Тој завчера потпиша двегодишен договор со корејскиот клуб Сувон Блувингс.
-Потпишав за Сувон за да му помогнам во биотката на четири фронта. првенството заостануваме дванаест бода, но тоа не значи ништо, бидејќи на крајот следува плеј-оф. Имам амбиција повторно да ја освојам азиската ЛШ. задоволен сум од висионата на трансферот, бидејќи ќе заработувам двојно повеќе отколку во Амкар – ни рече Ристиќ.
За него ова ќе биде камбек во корејското првенство, откако пред четири и пол години од Силекс се пресели во Чонбук, а една година подоцна направи спектакуларен трансфер во корејскиот првак Поханг, со кој подоцна ја освои азиската Лига на шампиони. Со преселбата во Јужна Кореја му се отвара можност за повторување на овој успех, затоа што неговиот Сувон стигна до четвртфиналето на азиската ЛШ. Во септември Ристиќ и соиграчите ги очекува дуел со иранскиот Зоб Ахан, тим кој му остана во лошо сеќавање на нашиот интернационалец по ланската елиминација на узбекистанскиот првак Бунјодкор. Последните дванаесет месеци Ристиќ ги мина во дресот на рускиот прволигаш Амкар од Перм, каде настапи на 23 средби и постигна шест погодоци. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Уште еден Македонец во Молдавија
Аломеровиќ ја засили Дачија
Искусниот играч за врска Кемал Аломеровиќ успешно ја помина пробата во молдавскиот шампион Дачија и вчера потпиша тригодишен договор. Тој ќе биде вториот Македонец во редовите на новиот молдавски првак, откако пред шест месеци таму замина Горан Димовски.
-Делумно заслужен за трансферот на Аломеровиќ во Дачија сум и јас. Молдавците имаат високо мислење за македонските фудбалери, па затоа ангажираа и втор играч од нашата земја. Иако настапував само во пролетниот дел за мојот клуб, ме прогласија за најдобар играч во тимот и ме избраа во најдобриот тим на молдавското првенство, за што бев награден од сопственикот на клубот со најнов модел на БМВ 5. Бидејќи веќе имам солиден автомобил, побарав наместо автомобил да добијам пари – вели Димовски, кој е среќен што се зголемува македонската колонија во Молдавија. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Сараевчани се засилија со двајца Македонци
Османи и Блажевски потпишаа за Олимпик
Амбициозниот босански прволигаш Олимпик од Сараево вчера потпиша договори со двајца македонски фудбалери. Искусниот Минас Османи (26), потпиша на две години, додека стоперот на штипска Брегалница, Томислав Блажевски (21), парафираше тригодишен договор.
-Имав многу понуди од Македонија и странство, но по сугестија на мојот менаџер го одбрав најмладиот сараевски прволигаш. Лани Олимпик заврши на шестата позиција во првенството, а за оваа година се најавува борба за излез на евросцената. Финансиски одлично минав, тука заработката е најмалку трипати повисока отколку во подобрите македонски клубови - ни изјави Минас Османи, кој во минатото настапувал за Работнички, Вардар, Беса Каваја, а последните шест месеци ги мина во Тиквеш.
Блажевски е член на младата фудбалска репрезентација, за која има осум настапи, а во минатото го носел дресот на штипска Брегалница. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Силекс се ослободува од вишокот
Николиќ и Алексовски си заминаа
КРАТОВО. -Фудбалскиот погон на прволигашот Силекс ги започна подготовките за новата сезона. Прозивката на тренерот Ане Андовски мина без поголеми турбуленции, затоа што тимот од Кратово летово нема да претрпи скоро никакви промени. Сите играчи се врзани со договор, единствено играчот за врска Милан Николиќ и дефанзивецот Александар Алексовски си ги подигнаа документите и предвреме си заминаа. Николиќ ќе остане запаметен како стрелец на 1000-от прволигашки гол за кратовци, а Алексовски беше единствениот играч од ростерот кој настапуваше за некоја од репрезентативните селекции.
Инаку, изминативе неколку денови на теренот во Кратово продефилираа десеттина потенцијални засилувања, претежно од Србија, но засега раководството на кратовци нема намера да склучи договор со некој од нив. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Првакот на Србија купи пионери од Македонија
Суперталенти од "Истатов" потпишаа за Партизан
Фудбалски таленти Тихомир Костадинов и Лазе Стојковски, членови на младинската школа "Истатов" од Нов Дојран, потпишаа стипендиски договори со белградски Партизан. Нивниот ангажман е дел од соработката која младинската школа "Истатов" неодамна ја договори со првакот на Србија.
-Горди сме што нашата квалитетна работа ја заокруживме со двојна круна во домашното првенство во пионерска конкуренција. Како награда за вложениот труд, две талентирани момчиња од нашата пионерска школа веќе се членови на Партизан, а во завршни преговори сме со холандскиот Ајакс за стипендиски договор со уште еден наш фудбалер - изјави менаџерот Боро Истатов. (О.А.)
Официјализиран милионскиот трансфер на младиот голман
Дејан Стојановиќ потпиша за Болоња
Спектакуларен трансфер вреден над еден милион евра завчера направи голманот на македонската млада репрезентација Дејан Стојановиќ (18). Долгите преговори кои се водеа на релација Болоња - Луштенау, резултираа со потпишување на четиригодишен договор на суперталентираниот голман со раководството на калчолигашот Болоња.
-Се беше познато неколку дена порано, остана само да ги завршам медицинските тестови. Откако и таа формалност заврши, со гордост можам да кажам дека сум член на седумкратниот италијански првак Болоња. Конкуренција на голот ќе ми биде голманот на италијанската репрезентација Емилијано Вивијано, па затоа во првата година или ќе бидам втор голман, или поради мојата младост и неискуство ќе бидам прв голман на младинскиот тим – ни рече веднаш по потпишувањето младиот чувар на мрежата, чии родители потекнуваат од Куманово, а живеат во Австрија.
Иако италијанските медиуми соопштија дека Дејан Стојановиќ се двоуми за која репрезентација ќе брани во иднина, неговиот татко Ацо има јасен став околу ова прашање.
-Деки е решен во иднина да ги брани боите на сениорската репрезентација на Македонија, и тука нема никакви дилеми. Болоња му понуди одлични услови во најскоро време да биде втор голман во сениорскиот тим, и од тие причини ја одбивме финансиски побогатата понуда на Парма. Трансферот е вреден нешто повеѓе од милион евра – изјави таткото Ацо, фудбалски менаџер и поранешен играч на Вардар и Куманово. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Останува во Словенија, но во нов клуб
Агим Ибраими 3 години во Марибор
Словенечкиот првак Марибор е новата фудбалска дестинација за повремениот македонски репрезентативец Агим Ибраими (23). Тој викендов потпиша тригодишен договор со деветкратниот првак на Словенија, на чија клупа седи поранешниот играч на Партизан, Дарко Миланиќ. Ибраими последните шест месеци ги мина во дресот на Нафта Лендава, а неговите игри беа мамка за трофејниот Марибор да го доведе во своите редови. Претходно беше играч на турскиот Ескишехир, Олимпија Љубљана, Салцбург и тетовска Шкендија. Има и четири настапи за репрезентацијата, а дебитираше на пријателскиот меч против Шпанија. (О.А.)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Десниот бек се сели во Франција
Владе Лазаревски потпиша за Амиен
Повремениот фудбалски репрезентативец Владе Лазаревски кариерата ја продолжува во француската втора лига. Тој изминатите три недели ги мина на проба во новиот француски второлигаш Амиен, по што раководството на клубот му понуди договор.
-Следниве две години ќе бидам дел од амбициозниот француски второлигаш, со опција договорот да биде продолжен на плус една. Амиен има амбиција за две години да влезе во елитата. Затоа им требаа искусни, зрели фудбалери кои ќе им помогнат на младите играчи да ја реализираат оваа амбиција. Очекувам наесен да се вратам во старата препознатлива форма и повторно да добијам повик во фудбалската репрезентација - ги изнесе првите впечатоци Лазаревски.
Десниот бек има 41 настап за репрезентацијата, но во последниот квалификациски циклус речиси и да не доби шанса од селекторот Мирсад Јонуз. Врвот во кариерата го достигна во дресот на полските клубови Гроцлин и Полонија Варшава, а имаше и неславни епизоди во Ријека и Локомотив Астана. (О.А.)
Лето 2010
16-годишниот талент на Работнички се пресели во Германија
Борусија извиси, Ангелов го одбра Шалке
КРАТОВО. - Еден од најголемите таленти во македонскиот фудбал, шеснаесетгодишниот Виктор Ангелов, деновиве направи голем исчекор во својата кариера преселувајќи се во Германија. Големите гиганти Борусија од Дортмунд и Шалке од Гелзенкирхен се бореа за потписот на младиот скопјанец, за на крај да победи Шалке.
- Иако претходно настапував 18 месеци во дресот на Борусија, сепак одлучив кариерата во следните три години да ја продолжам во тимот на Шалке. Ми понудија подобри финансиски услови, ми средија виза и ми обезбедија квалитетно школување во Германија, и едноставно не можев да ги одбијам. Тренирам со младинските категории, а тренер ми е поранешниот играч на Шалке, Манфред Дубски, кој ми се пофали дека настапувал во минатото со легендарниот Драган Мутибариќ - ни рече задоволниот Ангелов, кој игра на позицијата напаѓач, а е капитен на фудбалската репрезентација под 17 години. (О.А.)
На печалба на Исток
Куртиши и Аломеровиќ во Азија
КРАТОВО. -Новопечениот репрезентативец Менсур Куртиши и ветеранот Кемал Аломеровиќ својата кариера ја продолжуваат на азискиот континент. Напаѓачот Куртиши потпиша едногодишен договор со Ал Тавон од Саудиска Арабија, додека халфот Аломеровиќ замина уште подалеку, во тимот на Зејар од Мјанмар.
Куртиши (24) потекнува од младинската школа на Рапид Виена, а своите најдобри игри ги имаше во дресот на Винер Нојштад, каде на 43 меча постигна 9 погодоци. Неодамна доби повик од селекторот Мирсад Јонуз и дебитираше за репрезентацијата на мечот со Азербејџан.
Аломеровиќ (30) има големо интернационално искуство, играјќи за Залаегерсег, Марек и Билис, додека во земјава го носел дресот на Силекс, Милано, Брегалница... (О.А.)
Муарем Муарем се пресели во Турција
Поради Ордуспор ќе го пропушти Ливерпул
КРАТОВО. -Амбициозниот турски второлигаш Ордуспор за една недела успеа да ангажира двајца потенцијални македонски репрезентативци. Откако викендов потпиша двегодишен договор со напаѓачот на Металург Јован Костовски, турците завчера го ангажираа и играчот за врска на Работнички, Муарем Муарем.
- По краток престој во Орду, успешно ги минав медицинските прегледи и ставив потпис на тригодишен договор. Задоволен сум од условите бидејќи доаѓам во клуб кој има големи амбиции во новото првенство - ги изнесе првите впечатоци Муарем, кој жали што поради овој трансфер ќе го пропушти двомечот против великанот Ливерпул.
Турските медиуми шпекулираат дека тимот на Работнички ќе заработи нешто повеќе од 100.000 евра од трансферот на Муарем. Ако се земе предвид дека претходно отштетата за Раденко Бојовиќ и Боби Божиновски изнесуваше по 50.000 евра, а на голманот Кристијан Наумовски околу 120.000 евра, излегува дека романтичарите летово само од трансфери заработија над 300.000 евра. Ако кон оваа сума се додаде дека за трите одиграни кола УЕФА ќе им исплати околу 200.000 евра, плус приходот од најмалку 80.000 евра од влезници, како и договорот за ТВ-правата за мечот со Ливерпул кој тежи најмалку половина милион евра, излегува дека Работнички летово ќе заработи неверојатни 1.100.000 евра. О.Арсовски
Кратовци се засилија
Странско трио во Силекс
КРАТОВО. - На неколку дена пред почетокот на првенството, раководството на Силекс го затвори списокот со засилувања. Во последен момент тимот се засили со Црногорецот Миодраг Караџиќ (23), играч за врска кој настапувал за Рудар Пљевља, Ком, Јединство Бјело Поље, а поминал низ младинската школа на Црвена звезда. Неколку дена порано кратовци го ангажираа и Немања Марковиќ (21), перспективен халф кој доаѓа од српскиот клуб Железничар Лајковац. Интернационалното трио во Силекс го дополнува Урош Јанковиќ, црногорскиот дефанзивец кој до скоро настапуваше за Победа.
Во меѓувреме, тимот го напуштија Александар Бошковски (Локомотива) и Душко Андонов и Ванчо Трајчов (Брегалница). Силекс летово остана и без Глигор Глигоров, Зоран Шалевски, Никола Шакиќ, Дарко Трајчев и Благојче Марковски, но ниту еден од нив не успеа досега да пронајде нов клуб. (О.А.)
Продолжува "македонизацијата" на Кипар
Игнатов и Шиков две години во Етникос
КРАТОВО. - По заминувањето на напаѓачот Филип Ивановски на Кипар, уште еден поранешен репрезентативец се пресели на островот. Играчот за врска Стојан Игнатов (31) потпиша двегодишен договор со Етникос Ахна, откако неговиот довчерашен клуб Поли Јаши испадна од првата романска лига и го ослободи пред истекот на договорот. Кипарските медиуми јавија дека и новопечениот репрезентативец Ванче Шиков (25) го продолжил договорот со Етникос на уште две години, откако не успеал да се договори со грчкиот прволигаш Ксанти. Ако се додаде дека во овој клуб настапува и голманот Един Нурединовски, излегува дека Етникос е најмакедонскиот клуб на Кипар.
Игнатов во својата кариера настапувал за Силекс, Самсун, Работнички, Пекинг Гуан и Јаши, додека Шиков го носел дресот на Победа, Ксанти, Олимпијакос, Керкира и Аполон. (О.А.)
Половина Силекс се пресели во Штип
Трајчов и Андонов во Брегалница
КРАТОВО. –Довчерашните играчи на Силекс, Ванчо Трајчов (35) и Душко Андонов (23) се најголемите засилувања на новиот прволигаш Брегалница. Штипјани со ангажманот на Трајчов добиваат искусен играч за врска кој настапувал во Вардар, Работнички, Ренова и кипарскиот Етникос Ахна, а има и четири настапи за сениорската репрезентација. Напаѓачот Душко Андонов потекнува од младинската школа на Брегалница и ова ќе биде негов камбек во матичниот клуб.
- Среќен сум што по подолг период повторно се враќам во мојот матичен клуб. Иако имав уште половина година да одиграм за тимот на Силекс, сепак раководствата на двата тима успеаја да се договорат - ни рече задоволниот Андонов.
Покрај Трајчов и Андонов, прволигашот од Штип се засили со уште двајца поранешни играчи на Силекс, дефанзивецот Михаил Донев и напаѓачот Мартин Шишков. (О.А.)
Нови заминувања во Албанија
Аксентиев и Ристовски во Скендербег
КРАТОВО. -Играчот за врска Ефтим Аксентиев и дефанзивецот Борче Ристовски се одлучија кариерата да ја продолжат во првенството на Албанија. Тие завчера потпишаа едногодишни договори со прволигашот Скендербег од Корча, кои ќе им донесат по 30.000 евра, плус премии и останати бонуси.
-Одлично помина пробата во мојот нов клуб, а завчера успеав да постигнам и погодок против второлигашот Ринија од Гостивар. Деновиве се наоѓаме на подготовки во Маврово, каде ќе одиграме уште неколку контролни средби, - ни рече екс-играчот на Силекс и Работнички, Ефтим Аксентиев.
Ристовски е фудбалер на Тетекс, а пред десетина дена имаше неуспешна проба во романскиот клуб Астра Плоешти. Двајцата ќе ја пополнат македонската квота во Скендербег која остана испразнета по заминувањето на Дејан Костуранов и Дејан Лескароски. (О.А.)
Продолжува егзодусот во Албанија
Фљамур Таири во Теута
КРАТОВО. -Дека Албанија не е само туристичка хит-атракција, туку и привлечен фудбалски пазар, потврдува последниот трансфер на уште еден македонски фудбалер. Дваесетгодишниот Фљамур Таири потпиша двегодишен договор со албанскиот прволигаш Теута Драч, тим кој минатата сезона ја заврши на осмото место. Таири е играч за врска кој има настапувано за сите репрезентативни селекции, освен сениорската, а го носел дресот на Караорман, Македонија ЃП и Напредок.
Со овој трансфер продолжува егзодусот на наши фудбалери во Албанија, откако претходно заминаа Кире Ристевски, Минас Османи, Димитрија Лазаревски, Бетим Алију, Менсур Идризи... (О.А.)
Турновецот се сели во Бундес-лигата
Драган Ѓорѓиев потпиша за Мајнц
КРАТОВО. -Напаѓачот на Хоризонт Турново и на младата репрезентација, Драган Ѓорѓиев, се договори со германскиот прволигаш Мајнц и во новата сезона ќе биде дел од бундеслигашкото друштво. Германските медиуми јавија дека голгетерот е ангажиран на една година, а доколку ги докаже своите фудбалски квалитети, договорот автоматски ќе му биде продолжен на плус три години.
-Ѓорѓиев импресионира со неговото разбирање на фудбалската игра, со брзината и изградената техника. Тој би можел да биде иднината на нашиот клуб. Во следниот период ќе тренира со првиот тим за да видиме дали ќе може уште во првата сезона да се вклопи во тимот, во спротивно ќе биде испратен на калење во втората лига, - изјавил менаџерот на Мајнц Кристијан Хајдел на клупската веб-страна.
Ѓорѓиев ќе биде вториот македонец во дресот на Мајнц, каде веќе шест сезони настапува Николче Новески. (О.А.)
Азербејџан привлечен за репрезентативните ветерани
Роберт Петров во Азал Баку
КРАТОВО. -Трендот на селење на македонските фудбалски репрезентативци во Азербејџан продолжува и понатаму. По летните трансфери на ветераните Славчо Георгиевски и Игор Митрески во Нефчи, и левиот бек Роберт Петров (32) се пресели на Истокот. Тој во саботата потпиша едногодишен договор со Азал од Баку, клуб кој до лани го носеше името Олимпик Баку. Се работи за прволигаш кој е спонзориран од азербејџанска авиокомпанија и во кој настапуваат интернационалци од Бразил, Мароко, Нигерија, Србија…
Петров е трофеен играч кој двапати бил шампион на Бугарија, со Локомотив Пловдив и ЦСКА, а бил и освојувач на националниот Куп со прилепска Победа. Последниот клуб за кој настапуваше беше Славија Софија, која летово се ослободи од него поради неговата зрела возраст. (О.А.)
Силекс со пет засилувања
КРАТОВО. - Прволигашот Силекс летово ангажираше пет засилувања, од кои ниту едно звучно, со што во новата сезона ќе влезе значително ослабен. Последната аквизиција е црногорскиот дефанзивец Урош Јанковиќ, кој е поранешен играч на Победа, а настапувал и за Драва и Будуќност. Нешто порано потпишаа поранешните играчи на Тетекс, Мирослав Атлески и Милан Богдановски, халфот на Цементарница Дарко Костадиновски и бекот Симе Цветков од Вардар Неготино.
Кратовци веќе една недела се наоѓаат на брегот на Охридското езеро, каде ја реализираат втората фаза од подготовките.
-Досега одигравме три контролни средби на кои забележавме победа против Тетекс (2-1), пораз од Осогово (0-1) и реми со Напредок (1-1). Контролката со Пелистер отпадна бидејќи битолчани не сакаа да платат за користење на теренот. Закажани се уште три контроли со Охрид 2004, Влазними и Напредок, и генералната проба на 24 јули против Брегалница во Кратово, - ни рече напаѓачот Ангел Нацев. (О.А.)
Од Полска се пресели на Кипар
Филип Ивановски во Етникос Ахна
КРАТОВО. -Македонскиот интернационалец Филип Ивановски си замина од Полска и кариерата ја продолжува на Кипар. Тој вчера стави потпис на едногодишен договор со кипарскиот прволигаш Етникос Ахна, каде настапува репрезентативниот голман Един Нурединовски. Трансферот е дело на менаџерот Јовица Николовски, јавуваат кипарските медиуми.
Дваесет и петгодишниот напаѓач минатите три години ги мина во полското првенство. Една сезона играше за Гроцлин, а две за Полонија Варшава, со биланс од 21 погодок на 77 одиграни мечеви. Тој ја зголеми и онака големата македонска колонија на Кипар, каде фудбалскиот леб го вадат Гроздановски, Тричковски, Грнчаров, Милошевски, Марковски, Велкоски, како и тренерот Чеде Јаневски. (О.А.)
Од Металург во Чешка
Владимир Димитровски во Млада Болеслав
КРАТОВО. -Дефанзивецот Владимир Димитровски од вчера е третиот македонски фудбалер кој ќе настапува во чешкото фудбалско првенство. Стоперот на скопски Металург по еднонеделна проба успеа да се договори со раководството на чешкиот прволигаш Млада Болеслав, тим кој во минатата сезона го освои осмото место во чешкото првенство.
Дваесет и двегодишниот одбранбен фудбалер во минатото ги бранел боите на Вардар, Цементарница и Металург, а има настапувано и за белгискиот Вестерло и хрватскиот Сесвете. Има и пет настапи за фудбалската репрезентација до 21 година.
Македонското трио во Чешка го сочинуваат Ристе Наумов (Славија) и Илија Несторовски (Словачко), а летово си замина Мирко Ивановски, кој е во потрага по нов клуб. (О.А.)
Романски прволигаш пробува екс-силексовци
Астра Плоешти тестира тројца Македонци
КРАТОВО. - Дури тројца македонски фудбалери се наоѓаат на проба во романскиот прволигаш Астра Плоешти, во обид да започнат интернационална кариера. Универзалецот Глигор Глигоров од Силекс, голманот Мартин Богатинов од Работнички и стоперот Борче Ристовски од Тетекс неколку дена престојувааа во тренинг-кампот во Австрија. Дел од своите квалитети демонстрираа на контролните мечеви со словачкиот клуб Кошице, австрискиот нисколигаш Виена и хрватскиот Осиек.
- Пред заминување во Андора на реваншот со Луситанос кратко се задржав во Австрија. Имав одлични одбрани на контролниот меч со Виена за кој добив пофалби од тренерот на Романците. Деновиве очекувам да започнат преговорите околу евентуален ангажман, - ни рече Богатинов.
Според интернет страната на клубот, во следните неколку дена ќе се знае дали некој од нив ќе потпише за романскиот клуб.
Глигоров и Богатинов потекнуваат од кратовскиот прволигаш и немаат интернационално искуство, додека Борче Ристовски играл за Динамо Минск. (О.А.)
Радост во домот на интернационалецот од Чешка
Ристе Наумов доби ќерќа
КРАТОВО. -Фудбалскиот интернационалец на печалба во Славија Прага, Ристе Наумов, минатата недела стана татко. Неговата сопруга Маја, во болницата "Систина" на свет ја донесе ќерќичката Леа, бебе тешко 3.290 грама и долго 50 сантиметри.
- Одлично е чувството првпат да се стане татко. Пораѓањето помина во најдобар ред, сега сме сите заедно во нашиот дом во Штип. Со кумот Михајло Донев (фудбалер на Брегалница), откако викендов бурно прославивме, падна договор ќерќичката да ја крстиме Леа. Но, договорот содржи клаузула следната принова да биде син, за да имам наследник на фудбалските терени, - низ смеа вели среќниот татко.
Покрај раѓањето на Леа, Ристе Наумов оваа година ќе ја памети и по двојната скршеница на десната нога која ја заработи во март на дуелот против Теплице.
- Сакам што поскоро да го заборавам тој непријатен дел од мојата кариера. Коската е зарасната и деновиве започнав со полесни тренинзи. Уште една недела останувам тука, а потоа заминувам на медицински испитувања во Прага каде ќе ми ја одредат понатамошната рехабилитација. Имам договор со Славија уште една година, со можност за плус една и мора да истакнам дека клубот максимално ме поддржа во овие тешки три месеци. Се надевам дека бргу ќе закрепнам и наесен ќе се вратам на зелениот терен, - оптимистички порача Наумов. (О.Арсовски)
Си замина од Видзев, но остана во Полска
Дејан Милошевски во Горњик Лечна
КРАТОВО. -Македонскиот интернационалец Дејан Милошевски (28) и понатаму останува во Полска, само во нов клуб. Откако неговиот довчерашен клуб Видзев Лоѓ се пласира во прволигашкото друштво, Милошевски замина во Горњик Лечна.
- Бидејќи не добив вистинска шанса во дресот на Видзев, кариерата ја продолжувам во второлигашот Горњик. Се надевам дека на клубот ќе му помогнам повторно да се врати во елитата, а на раководството на Видзев ќе му докажам дека згрешија кога се откажаа од моите услуги – вели Милошевски.
Македонскиот интернационалец за две сезони во дресот на Видзев настапи на 19 средби, најчесто влегуваше од клупата и постигна само еден гол. Врвот во својата кариера го достигна во литванскиот клуб Ветра, каде постигна 15 погодоци на 71 меч. Кариерата ја започна во Цементарница, а има и еден настап за сениорската репрезентација. (О.А.)
Лазаревски во Локомотив,
Наумовски во Динамо Букурешт
КРАТОВО. -Владе Лазаревски се сели во Казахстан, а Кристијан Наумовски во Романија. Ова е епилогот по завчерашниот бурен ден на трансфер-пазарот по кој двајцата македонски репрезентативци ги променија клупските бои. Десниот бек Владе Лазаревски (28) по неколкудневна проба потпиша за Локомотив Астана, клуб кој пред две недели се засили со Боби Божиновски од Работнички. Ова е дури осми клуб во странство за кој ќе игра кумановецот, откако претходно настапувал за Гроцлин, Полонија, Металист, Карпати, Ријека, а има и 37 настапи за репрезентацијата.
За разлика од него, голманот Кристијан Наумовски (22) првпат излегува надвор од границите на државата. Тој потпиша петгодишен договор со романскиот гигант Динамо Букурешт, каде веќе настапува Благоја Тодоровски. Со своите одбрани на пријателската средба со Ред Бул Салцбург, Наумовски го импресионирал тренерот Јоан Андоне, по што веднаш му бил понуден долгорочен договор. Романските медиуми шпекулираат дека Работнички за неговиот трансфер ќе инкасира околу 100.000 евра. (О.А.)
Сите бегаат од Вардар
Дарко Глишиќ во Олимпик Сарајево
КРАТОВО. – Младинскиот репрезентативец Дарко Глишиќ потпиша за босанскиот прволигаш Олимпик Сараево и во следните три години ќе настапува во босанскиот шампионат. Деветнаесетгодишниот лев страничен играч на Вардар ја искористи финансиската криза и несредените состојби во клубот за да го напушти бродот кој тоне. Поради неплатена котизација на Вардар му се заканува исфрлање во Трета лига, и од тие причини веќе си заминаа Артим Положани (Крилја советов), Дино Најдоски (Белинцона), Васко Митрев и Милан Илиевски (Металург). (О.А.)
Лондонскиот гигант се интересира за наш фудбалер
Челзи ќе го пробува Мумин Нуриши
КРАТОВО. – Членот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години, Мумин Нуриши, деновиве предизвика големо внимание во албанските медиуми откако лондонскиот гигант Челзи пројавил интерес за неговите услуги. Петнаесетгодишниот тетовец кој настапува во младинските категории на италијанскиот клуб Триестина деновиве добил мејл од администрацијата на Челзи со покана извесен период да престојува во тренинг-кампот на "сините". Неговите игри за кадетската репрезентација и младинците на Триестина биле забележани од страна на лондонските скаути и доколку добие клупска дозвола, Нуриши ќе замине на проба.
Интересно е што за кусо време ова е втор случај клуб од европската елита да пројави интерес за фудбалски талент од нашата земја. Пред еден месец младиот Валмир Нафиу од Шкендија беше на проба во Барселона. (О.А.)
Од Албанија се пресели во Словачка
Ардит Шаќири во Ружомберок
КРАТОВО. - Македонскиот интернационалец Ардит Шаќири го напушти албанскиот прволигаш Грамози и се пресели во првенството на Словачка. Новиот клуб на 25-годишниот стружанец е Ружомберок, тим кој првенството го заврши на шестата позиција.
- Имав понуди од швајварските клубови Сион, Шафхаузен и Нион, од француски второлигаш, од неколку македонски пролигаши, но на крај се одлучив кариерата да ја продолжам во словачкиот Ружомберок. Со менаџерите Шкумбин Ќормемети и Артим Шаќири одлучивме дека ова е најдобрата понуда и затоа потпишав договор за 1+1 година - ни рече Ардит Шаќири, кој на фудбалската јавност и стана познат по настапот на "Тачи оил" купот кога настапи против ѕвездите на Реал Мадрид.
Шаќири потекнува од фудбалската школа на Караорман, а бил дел од тимовите на Динамо Загреб, Вуковар, Теута и Грамози. (О.А.)
Продолжува селидбата во Албанија
Тројца Македонци во Беса Каваја
КРАТОВО. -Дури тројца фудбалери од македонското фудбалско првенство летово се преселија во албанскиот вицепрвак Беса. Откако тимот од Каваја ги ангажираше дефанзивците Димитрија Лазаревски и Бетим Алију од Металург, последната аквизиција од Македонија е играчот за врска Минас Османи. Албанците две недели претстојуваа на спортските терени на Маврово каде се подготвуваат за дуелот против грчкиот Олимпијакос во рамките на Лига Европа и направија одличен пазар.
Ова ќе биде четврти клуб од странство за кој ќе настапува Лазаревски, откако во минатото го носел дресот на Земун, Камен Инград и Дендер. Скромна интернационална кариера има и Алију, кој настапуваше за финскиот Купс, додека за Османи ова ќе биде прво излегување надвор од границите на нашата држава. (О.А.)
Штипјани ќе се засилуваат
Брегалница го сака пола Силекс
КРАТОВО. - Новиот член на прволигашкото друштво, Брегалница од Штип, летово има намера да ангажира дури петмина сегашни или поранешни играчи на Силекс. Интересно е што до лани кратовци беа тие кои во секој преоден рок носеа играчи од Штип, но сега работите се променија. Најблиску до трансфер во градот под Исарот се ветераните Ванчо Трајчов и Столе Ѓеорѓиев, кои летово станаа слободни играчи. Покрај нив, управата на штипјани ги бара и напаѓачите Душко Андонов и Ангел Нацев, но за нив Силекс бара отштета и мали се шансите да дојде до трансфер.
Речиси завршена работа е трансферот на поранешниот силексовец Михаил Донев, кој пролетоска настапуваше за еден италијански нисколигаш.
- Интензивно преговарам со управата на штипјани и најверојатно ќе го засилам мојот матичен клуб. Намерата ми е да останам тука барем до декември, а потоа да се вратам повторно во Италија, каде настапував минатата пролет - вели Донев. (О.А.)
Албанија станува „ветена земја“
Ристевски и Идризи во Елбасан
КРАТОВО. – Новиот албански прволигаш Елбасан од вчера доби две засилувања од Македонија, јавија албанските медиуми. Се работи за дефанзивецот на Пелистер, Кире Ристевски, и играчот од средниот ред на Шкендија, Менсур Идризи. По неколкудневни проби тие го задоволиле вкусот на стручниот штаб на Елбасан и кариерата ќе ја продолжат во албанското првенство. Ристевски зимава имаше неуспешен обид за трансфер во Бањик Острава, Брно и Вашаш, за на крај да се врати повторно во Пелистер.
Македонската колонија во Елбасан, сепак, ќе остане покуса за еден играч бидејќи стоперот Бобан Џангаровски не успеа да се договори со управата и по една сезона мината во клубот, летово ќе ја промени средината. (О.А.)
Се зголемува македонската колонија на Кипар
Тричковски во Апоел, Велкоски во Енозис
КРАТОВО. -Македонската фудбалска колонија на Кипар деновиве се зголеми за уште еден играч од нашата земја. Напаѓачот Крсте Велкоски (22) по само шест месеци минати во романскиот клуб Кехлаул се пресели во кипарскиот Енозис Паралимни, каде тренер е Чеде Јаневски, а во клубот настапуваат Бојан Марковски и Петар Милошевски. До реализација на овој трансфер дојде откако новопечениот репрезентативец Иван Тричковски (23) неколку дена порано од Енозис се пресели во вицепрвакот Апоел и ослободи место за својот сонародник. И двајцата интернационалци потпишаа тригодишни.договори.
Тричковски во дресот на Енозис дојде од белградска Црвена Звезда и на 29 меча постигна 8 погодоци. Бидејќи настапуваше како позајмен играч, Апоел на „црвено-белите“ од Белград ќе им исплати отштета од 300.000 евра.
Велкоски во минатото го носеше дресот на Работнички и Металург, а пролетоска настапуваше за романскиот Кехлаул, кој испадна од лигата и го ослободи од обврските нашиот напаѓач. (О.А.)
Мазнов добива друштво
Положани 2,5 години во Крилја Советов
КРАТОВО. - Македонскиот репрезентативец Артим Положани (28) од вчера е нов играч на рускиот прволигаш Крилја Советов. По еднонеделна проба, тој го задоволил вкусот на тренерот Јуриј Газаев и потпишал 2,5 годишен договор со клубот од Самара, јавија руските медиуми. Неговиот тим моментно се наоѓа на 14-тата позиција со само осум освоени бода и ќе води грчевита борба за опстанок.
Инаку, Положани ќе биде втор фудбалер од земјава кој настапува во руското првенство, покрај Горан Мазнов кој го носи дресот на Томск.
Положани пролетоска настапуваше во дресот на Вардар, а во минатото ги бранел боите на Кобленц, Кроација Сесвете, Динамо Тирана, Аполонија, Шкендија и Македонија ЃП. Има забележано и 12 настапи во репрезентативниот дрес. (О.А.)
За сума од 50.000 евра
Лена продолжува во Фљамуртари
КРАТОВО. -Македонскиот интернационалец Нијаз Лена (24) и во следната фудбалска сезона ќе ги брани боите на албанскиот прволигаш Фљамуртари од Флора. Откако во зимскиот преоден рок се пресели од Македонија Ѓорче Петров во првенството на западниот сосед, Лена беше незаменлив во составот на Фљамуртари и трипати се запиша во листата на стрелци.
- Без многу размислување ја прифатив понудата од раководството на тимот од Флора и во следната сезона ќе го носам нивниот дрес. Имав добри настапи пролетва по што албанците го одврзаа кесето и ми понудија едногодишен договор за сума од 50.000 евра. Претходно имав понуди и од тетовска Шкендија и Скендербег од Корча, но Фљамуртари беше најдарежлив, – изјави Лена, кој деновиве се одмора во родната Струга. (О.А.)