gogo

A+ R A-


Никако да проработи нападот, Силекс еднаш погоди во 4 контролки

И во двата викенд контролни натпревари, фудбалерите на Силекс не успеаја да ја затресат мрежата на противниците. Во саботата на терените на ФФМ во Скопје, кратовци беа минимално поразени од второлигашот Еуромилк од пенал во првата минута. Во продолжение на мечот, избраниците на Зоран Штерјовски имале неколу зрели шанси, но не успеале да се спасат од пораз.
Следниот ден, комбиниран состав со неколку играчи дојдени на проба одигра 0-0 против Тетекс на теренот во Ѓорче Петров.
Она што засега загрижува е големата неефикасност во редовите на Силекс, бидејќи кратовци во четирите подготвителни мечеви имаат постигнато само еден гол против Младост Лучани. Да се надеваме дека до почетокот на првенството кратовци ќе ги наместат нишанските справи и токму Вардар во првото пролетно коло ќе биде тимот кој ќе ја вади топката од мрежата во Кратов.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.