gogo

A+ R A-


Николовски: Со победа над Шкупи да се простиме од нашите навивачи

altФудбалерите на Силекс денес ќе го одиграат својот последен овосезонски меч пред својата публика, а најдобриот начин да се простат од нив е да им подарат победа. Навидум, противникот е како створен за такво нешто, но ако се земе предвид дека на Шкупи му гори под нозе и брка спасоносни бодови во битката за избегнување на баражот, тогаш со право ќе заклучиме дека ова ќе биде своевидно дерби.
Голем оптимист пред мечот е напаѓачот Тодор Николовски, којÂ  одигра извонреден меч во претходното коло против Пелистер и влезе во „тимот на колото“ според Македонски спорт.
-Го играме последниот меч пред нашите навивачи и тоа е доволна мотивација да триумфираме над тимот на Шкупи. Ние си ја гледаме нашата работа, не не интересира кој се бори за опстанок, кому се потребни бодовите. Максимално сме посветени на фудбалската игра, во овој момент не интересира само победа и три бода - истакна Николовски.
Букмејкерите предвидуваат триумф на Шкупи, за чија победа коефициентот е 2.05, со тенденција на растење, додека за триумф на Силекс квотата се движи од 2.70 до 3.40.
Судија на мечот ќе биде Александар Ставрев.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.