gogo

A+ R A-


Ништо ново, Пелистер и Силекс трет пат сезонава одиграа без голови

altВерувале или не, и третиот првенствен дуел оваа сезона меѓу Пелистер и Силекс заврши мирољубиво, и тоа трет пат со најнепопуларниот резултат 0-0. Овој бод е голем како планина за гостите од Кратово, кои не смееја да си дозволат пораз во битката за четвртата позиција. Од друга страна, бодот на битолчани е рамен на пораз, затоа што по трите порази, тренерот Шенсои доби ултиматум да победи, а добија само разочарувачко реми, по кое Турчинот би можел да добие отказ на клупата на Пелистер.
Што се однесува до мечот, избраниците на Тасевски одиграа дисциплинирано, борбено, „на нула“ и успеаја во тоа. Имаа и неколку шанси за гол и освојување на трите бода, особено ударите на Недељковиќ, Мојсов, Г.Глигоров и Пановски. Од друга страна, се чини дека „зелените“ имаа позрели шанси, особено оние на Попзлатанов и Лукас, кои голманот Милан Митровиќ на чудесен начин ги одбрани. Се чини најзрелата можност за гол ја пропушти Божиновски во финишот, кога неговиот удар заврши десетина сантиметри крај дирекот. Но, ако некој треба да жали за трите бода, се чини тоа е Андреј Ацевски, кој не искористи колосална шанса во 90-тата минута, кога го префрли голот.
Веќе в недела Силекс го очекува ново гостување во Чаир, кај Шкупи, кој денес претрпе тежок пораз од Брегалница со 3-0.

фото - http://www.ohridnews.com
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.