gogo

A+ R A-


Нов кикс на Силекс, Велинов промаши пенал, Симов „поцрвене“

Екипата на Силекс во просечна игра со малку шанси иако имаше иницијатива во текот на сите 90 минути сепак не успеа да го скрши отпорот на домашниот тим 11 Октомври кој успеа да го одбрани својот гол. Гостите од Кратово можеа лесно да ја отворат одбраната на противникот во финишот од првиот дел кога главниот судија Влахо Константин покажа на белата точка за Силекс. Ударот од белата точка не успеа да го реализира Велинов откако млако пласира по средината на голот а Гоновски успеа да одбрани. Пред почетокот на вториот дел Прилеп го зафати силен дожд па почетокот беше пролонгиран неколку минути. Силекс продолжи со иницијативата но без поизгледни прилики за гол. Во 80-тата минута гостите останаа без голманот Симов поради удар на противнички играч, па бидејќи тренерот Трајче Сенев имаше веќе направено три замени на голот застана Петров. Сепак домаќините не успеаја да го искористат овој момент и средбата заврши без голови 0-0.

alt

Дербито во Гевгелија помеѓу екипите на Миравци и Тетекс заврши без победник 1-1. Гостите поведоа со гол од корнер, Миравци израмни од пенал.

Во Врапчиште уште една убедлива победа на домаќинот кој со 6 бода ја запоседна второлигашката табела. Совладан е тимот на Новаци со 4-2 (3-0).

Во Боговиње Дрита ја обезбеди победата уште во првиот дел кога поведе со 3-0 и тоа беше конечен резултат на дуелот со велешки Борец.

Во Брвеница победа на Руфеја –М од 2-0 против новолигашот Зајас со головите на Мифтари и Рамадани уште во првиот дел.

Немаше победник во Скопје каде Локомотива и Победа Ј. одиграа 1-1.

Домаќинот поведе од пенал со погодокот на Дарко Костадиновски во 38м. Израмни Чешелковски во 58.

Најдраматично денеска беше во Струмица каде Тиверија и Маџари одиграа 2-3. Домаќинот поведе со 2-0 но гостите успеваат да направат целосен пресврт во вториот дел откако домашната екипа остана без поцрвенетиот Јанев, конечни 2-3.

Во еден од дерби натпреварите на Автокоманда Скопје го совлада ФК Корзо , минимално со 1-0 со погодокот на Пандев во 70-тата минута. Средба мина во тензична атмосфера а гостинскиот тим имаше голема поддршка од навивачката група „Шверцери"

2.коло

11 Октомври-Силекс 0-0

Скопје – Корзо 1-0

Миравци – Тетекс 1-1

Руфеја – Зајас 2-0

Врапчиште-Новаци 4-2

Тиверија –Маџари С. 2-3

Дрита – Борец 3-0

Локомотива –Победа Ј. 1-1

ТАБЕЛА: Врапчиште 6, Маџари С. 6, Тетекс 4, Скопје 4, Руфеја 3, Дрита 3, Борец 3, Корзо 3, Тиверија 3, Миравци 2, Силекс 2, Победа 2, 11 Октомври 1, Локомотива 1, Новаци 0, Зајас 0 бодови.

www.sportefe.com.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.