Николиќ и Стојановиќ го засилија Силекс
пишува - Оливер Арсовски
Милан Николиќ (28) и Саша Стојановиќ (19) се првите зимски засилувања за кратовскиот прволигаш Силекс. Тие викендов се приклучија на ростерот на Силекс, а и двајцата се играчи за врска. Николиќ доаѓа од Слога Петровац, а Стојановиќ од Јагодина, а за неколку дена се очекува да пристигне уште еден класичен напаѓач од Србија.
Тренерот Ане Андовски на тренинзите ги има сите фудбалери, освен напаѓачите Англе Нацев и Ѓорѓи Заревски, кои деновиве треба да се приклучат на тимот.
-Подготовките ги реализираме без проблеми. До 2 февруари остануваме во Кратово, а потоа се селиме во традиционалната база во Охрид. Засега имаме начелен договор за контролни средби со Осогово, Цементарница и Хајдук Кула - ни откри тренерот Ане Андовски.