Иако на Силекс одлично му оди, лидерот во второлигашката конкуренција и понатаму ги засилува своите редови. Нови членови на составот од Кратово се офанзивците Благој Левков и Александар Пановски. И двајцата досега го носеа дресот на велешки Борец, против кого Силекс ќе се сретне за десеттина дена. Доколку не бидат навреме регистрирани, нивното деби во „сино-црвениот“ дрес може да се случи токму на гостувањето во Велес против својот досегашен клуб. Левков постигна три погодоци во првите 9 кола, додека Пановски дури девет пати ги решеташе противничките мрежи.
Најново
![]() | Денеска | 335 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 11750 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 85675 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22137974 |