gogo

A+ R A-


Ново искушение за нашата сограѓанка

Наташа Илиевска на карате Олимпијада во Пекинг

пишува - Оливер Арсовски

Македонија ќе има свој претставник на Олимписките игри на Боречки вештини кои в сабота ќе почнат во Пекинг.Тоа е каратистката Наташа Илиевска. Во Кина натпреварувачите ќе се борат во 13 дисциплини: Карате, Вушу, Кикбокс, Бокс, Борење, Аикидо, Џудо, Џиу-Џицу, Кендо, Мутаи, Самбо, Сумо и Теквондо. Илиевска ќе се бори за престижната титула во карате со уште седум најдобри каратистки во светот.
Македонската репрезентативка поканата за учество на ова престижно натпреварување ја доби како второпласирана на Светската карате листа по освоени поени во изминатите 2 години, од настапите на Балканските, Европските и Светските првенства, Златните лиги и најголемите трунири во Европа.
Таа в сабота ќе пристигне во Пекинг, каде по четири денови аклиматизација ќе ја има првата борба против една од најдобрите 7 останати каратистки на планетата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.