gogo

A+ R A-


Ново признание за нашата сограѓанка

Наташа Илиевска најдобра каратистка за 2010

Претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, на свеченото прогласување на најдобрите каратисти за 2010, за секој лауреатот во вкупно 18 категории додели спортска опрема во парична вредност од околу 600 евра.

Селекторот на македонската репрезентација во борби, Бошко Заборски, беше прогласен за најдобар тренер во 2010, а за најуспешна каратистка беше одредена Наташа Илиевска. Најдобар каратист е штипјанецот Жарко Арсовски. Најдобар јуниор е Берат Јакупи. Останатите награди ги добија: Горан Василевски (младинец), Наташа Стефановска (младинка), Поликсенија Јовановска (јуниорка), Мартин Петрески (кадет), Симона Заборска (кадетка).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.