gogo

A+ R A-


Од Узбекистан се сели во Русија

Стевица Ристиќ потпиша за Амкар

пишува - Оливер Арсовски

Македонскиот интернационалец Стевица Ристиќ потпиша три годишен договор со рускиот клуб Амкар од Перм. Рускиот клуб на својата официјална интернет страна го потврди трансферот на македонскиот фудбалер кој потпиша три годишен договор со Амкар. Одличната форма со бројни погодоци во дресот на Бунјодкор (11 во првенството и 7 во Купот) не остана незабележана, па Ристиќ се сели во многу посилно првенство.

Стевица Ристиќ кој е на списокот на селекторот Јонуз за натпреварите со Словачка и Ерменија, во Амкар ќе го носи дресот со број 99. Амкар во моментов се наоѓа на 14то место на табелата во руското првенство, во зоната на испаѓање, па Русите токму во Ристиќ гледаат сламка на спасот..

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.