gogo

A+ R A-


ОФИЦИЈАЛНО Богатинов потпиша за Стеауа, ќе брани за 12.000 евра

Романскиот фудбалски гигант Стеауа успеа да дојде до потписот на некогаш првиот голман на македонската фудбалска репрезентација Мартин Богатинов. 27-годишниот кратовец вчера ги мина медицинските прегледи во Букурешт и веднаш потоа стави параф на договорот со траење од шест месеци, со можност за продолжување на уште една година.

-Јас сум многу среќен што потпишав со Стеауа. Знам дека е голем клуб и јас сум почестен што ќе го носам сино-црвениот дрес – истакна Богатинов за романските медиуми.

Богатинов неофицијално ќе има месечна плата од 12.000 евра и ќе го носи бројот 86 на грбот.

Мартин Богатинов на промоцијата во Стеауа (фото: activenews.ro)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.