Иако во оптек беше заминување во традиционалната зимска база во Охрид, раководството на фудбалскиот клуб Силекс одлучи зимските подготовки комплетно да се реализираат во Кратово и Пробиштип. Условите за тренирање на стадионот во Кратово не се идеални, делумно заради врнежливото време, но и поради реновирање на соблекувалните, па од тие причини кратовци најчесто тренираат на градскиот стадион во соседниот Пробиштип.
Досега кратовци одиграа две контролни средби, и на двете беа поразени од Младост Лучани и Металург Скопје. За следната сабота е закажан дуелот со Еуромилк, а во недела ќе играат со Тетекс. И двата меча ќе се играат на терените на ФФМ во Ново Лисиче.
Засега нови имиња се Лоренцо Николовски, Кире Ристевски, Благојче Главевски и српскиот интернационалец Невен Радаковиќ, а се очекува голема помош од Влатко Коцев, кој ја залечи повредата и се враќа во комбинација за првите единаесет кај тренерот Зоран Штерјовски. Деновиве се шпекулира и со ангажман на Жарко Симјановски, кој сеуште на хартија е играч на Вардар, а есенската полусезона ја мина во Тетекс.
Охрид отпадна, Силекс ќе се подготвува во Кратово и Пробиштип
Најново
![]() | Денеска | 1830 |
![]() | Вчера | 4607 |
![]() | Оваа недела | 6437 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 32327 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20950336 |