gogo

A+ R A-


Охрид - Силекс 2-0

Силекс не издржа, падна во 90-тата минута

&feature=player_embedded

ФК Охрид во прволигашката премиера пред своите гледачи ја извојува дебитантската победа во сезоната и тоа над трикратниот првак Силекс со 2-0. Творци на големиот триумф на "рибарите" беше тандемот Клечкароски – Алими кои со погодоците во самиот финиш го срушија гостинот од Кратово. Охриѓани во натпреварот го започнаа фуриозно со неколку шанси во низа, на Каланоски и Клечкароски кои не ја погодија целта. По воведниот притисок избранците на Андонов се "опуштија" и заиграа посигурно,тежнејќи кон својата својата цел, да останат непоразени на "Атина Бојаџи". По половина час темпото на игра значително падна а "контра" на фудбалерите им одеше и топлото време во Охрид, па на полувремето резултатот беше оној почетниот 0-0.

Второто полувреме започна со прилика за гостите, по комбинацијата на Темелков и Заревски, а овој вториот бие во рацете на добро поставениот Карамачоски. Од 50 до 65 минута следуваше канонада кон голот на Божиновски, додавањето на Димоски во "празно" не го искористи Клечкароски шутурајќи покрај голот, Димски имаше можност но се препна и одбраната расчисти, додек по една мешаница пред голот на гостите, Митрески биеше но расположениот Божиновски со прекрасна интервенција спаси сигурен гол.

Во финишот на натпреварот со серијата измени Цветаноски го "освежи" составот на "рибарите".Се играше последната минута од натпреварот, Алими по дуелот со капитенот Мишевскки изнуди прекршок во опасната зона. Клечкароски кој претходно биеше непрецизно добро ги намести нишански справи и стрелаше прецизно во левиот горен агол. Еуфоријата на трибините по постигнатиот погодок сеуште траеше, а по ударот на Митрески, чуварот на мрежата Божиноски кратко ја одби топката во поле на која натрча Алими и со вториот погодок во "белиот" дрес стави печат на победата на "рибарите".

ФК Охрид: Карамачоски, Велески, Ѓорески, Иловски (80' Бошковски), Белица, Џалески, Брадоњиќ, Димоски (75' Китрозоски), Клечкароски, Митрески, Каланоски (46' Алими).

Силекс: Божиновски, Костадиновски, Б.Стојановски, Заревски, Мишовски, Бајиќ, Лампевски, Јовановиќ (67' Миневски), А.Стојановски, Темелков, Нацев (46' Атлески).

&feature=player_embedded

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.