gogo

A+ R A-


Осми пораз на осмото гостување во Турново, Силекс доби комплекс од Хоризонт

Иако високиот триумф против Дрита ја крена атмосферата во редовите на Силекс, сепак кратко траеше еуфоријата. Хоризонт Турново денеска брзо ги врати избраниците на Небојша Петровиќ на земја, одржувајќи им фудбалска лекција на „Кукуш“ во вторите 45 минути. По првото полувреме кое заврши без голови, турновци во вториот дел го демолираа Силекс и со головите на Митров (50м), Балдовалиев (66м) и Василев (76м) поведоа со убедливи 3-0. Честа на кратовци ја спаси Стојанче Велинов во последната минута од мечот за конечни 3-1.

altВистински куриозитет кога играат овие два тима е тоа што кратовци кога гостуваат во Турново како да играат на „Камп Ноу“, а не на „Кукуш“. Не дека малото селско теренче наликува на велелепниот стадион, туку поентата е во тоа дека Силекс на ОСУМ гостување кај Хоризонт има ОСУМ порази.

Единствената добра работа во ова коло е што фенерџијата Тетекс дома загуби од Брегалница со 0-2, но затоа директните конкуренти освојуваа бодови. Дрита и Пелистер ремизираа 1-1, Ренова славеше над Металург 1-0 и Работнички триумфираше на гости против Напредок со 2-0.

Следниот викенд Силекс повторно гостува, и тоа на директниот конкурент Пелистер. Тоа ќе биде „меч на сезоната“ за двата тима, особено за Силекс кој со триумф ќе го престигне Пелистер и ќе влезе во бараж зоната. Ако загуби, разликата ќе се зголеми на шест бодови и шансите за опстанок ќе се намалат.

ТАБЕЛА: Вардар (-1) 39 бода, Хоризонт Турново 38, Напредок 34, Металург 32, Брегалница 27, Работнички 27, Ренова 27, Шкендија (-1) 26, Дрита 24, Пелистер 21, Силекс 18, Тетекс 13 бода.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.