По само три месеци на кормилото на Силекс, шефот на стручниот штаб Љубодраг Милошевиќ си поднесе оставка. Еден триумф, едно реми, и дури пет порази е билансот на Милошевиќ во првенството, каде Силекс со 4 бода е закован за дното. Од друга страна, кратовци одлично грабат во националниот Куп, каде ги минаа двете пречки Беласица и Башкими, а во четвртфиналето ќе се сретнат со Дрита Боговиње на Ане Андовски.
"Се вложив себеси целосно со цел да оствариме подобри резултати, но местото на табелата кажува дека не сум успеал во тоа, па така како морален чин мојата оставка е логична последица", вели Љубодраг Милошевиќ.
Како претендент за нов шеф се спомнува екс-тренерот на кратовци, Србинот Небојша Петровиќ.